Свеќа
Како и на секоја мини средба работите се случуваа многу многу брзо…
Се почна со тоа што Никола имаше идеа да фотографираме модел со свеќа. Нема проблем ?? има проблем…
Проблемот е, ако фотографираш со свеќа се добива прилично low light услови за работа при што на сите ни е јасно што се дешава поготово со релативно поевтни-стари DSLR апарати
ШУУУММММ, зрноооо, песок како сакаш наречи го. Да! многу луѓе ќе речат “па ОК нема проблем, мене ми се допаѓа тоа, дава уметнички бла бла бла”. Нема проблем, но нели е полесно да го додадеш отколку да го отстраниш, ај да не речам скоро невозможно и покрај милиони софтвериски решенија од типот на noise ninja и др…
Зошто? затоа што при помала брзина од 1/50 би постоело опасност од неоштра фотографија, а да не зборам за фокусното растојание при 1.4f, 1.8f па и 2.2f
Како ???
Решението е едноставно! На сцена настапуваат магичните old-school блицови. Па сега ќе се најде некој паметен и ќе рече “па што ќе ти е свеќа кога имаш блиц?”. Целиот штос е да се задржи несекојдневната (несекојдневна во овој милениум ) убава атмосфера која ја дава свеќата, на тој начин што додатните извори на светлина (во случајов блицови) треба да биде насочена во ист правец во светлината на самата свеќа, или најприближно на тоа (без да го изгориш блицот
). И со помош на гел во боја (таканаречен корекционен филтер).
Гел во боја – корекционен филтер ?????
што е па тоа сега???
Ако се вратиме неколку лекции наназад и прочепкаме, ќе видиме дека секој извор на светлина има различна температура на боја (има врска со color balance или white balance-WB, дури и при два идентични ивори на светлина постои минимална разлика, но за тоа другпат) почнувајки од свеќа завршувајки со дневна светлина при облачно време.
Склепав набрзинка една џебна таблица.
Како и да е поентата беше да фотографираме ситуација каде што би имале модел со свеќа, но да добиеме пристојна експозиција без да има потреба да се дига ISO повеке од на пример 100 и брзина на експозиција не помала од 1/50 и бленда помеѓу 1.4f и 5.6f.
Зошто? затоа што при помала брзина од 1/50 би постоело опасност од неоштра фотографија, а да не зборам за фокусното растојание при 1.4f, 1.8f па и 2.2f
Како ???
Решението е едноставно! На сцена настапуваат магичните old-school блицови. Па сега ќе се најде некој паметен и ќе рече “па што ќе ти е свеќа кога имаш блиц?”. Целиот штос е да се задржи несекојдневната (несекојдневна во овој милениум ) убава атмосфера која ја дава свеќата, на тој начин што додатните извори на светлина (во случајов блицови) треба да биде насочена во ист правец во светлината на самата свеќа, или најприближно на тоа (без да го изгориш блицот
Гел во боја – корекционен филтер ?????
што е па тоа сега???
Склепав набрзинка една џебна таблица.
| |
|
температура на боја |
извор на светлина |
| |
|
1000-2000 K | свеќа |
| |
|
2500-3500 K | жареча сијалица (обична за по дома) |
| |
|
3000-4000 K | изгрејсонце/зајдисонце (чисто небо) |
| |
|
4000-5000 K | флуоросцентна цевка |
| |
|
5000-5500 K | фотографски блиц |
| |
|
5000-6500 K | дневна светлина при чисто небо (сонце во зенит) |
| |
|
6500-8000 K | дневна светлина при облачно време |
| |
|
9000-10000 K | под сенка или многу облачно време |
*К = Kelvin единица мерка за температура на боја
Значи на апаратот доколку одбирате опција за да фотографирате со WB за свеќа, а на додатниот извор на светлина (во случајов блиц) поставувате корекционен филтер нормално за свеќа, како би ги изедначиле температурите. Е сега бидејки ние живееме во република Македонија, и кај нас многу работи НЕМА, тоа значи дека Корекциониот филтер немора да биде купен од продавница специјално за таа намена. Просто можете да ја искористите жолто-кафеавата пивската флаша (да да пиво) и ќе добиете приближно температура на боја на свеќа. (со исклучок ако сте баксуз и пиете пиво од зелено шише хехехе)
Се надевам дека нема да го испиете пивото и да очекувате дека светлото од блицот после ќе го гледате со 2000 Келвини хахаха – секако шишето испред блицот
*(да не дојде до некаква забуна! ова пивско шише нема никаква врска со капаче статив)
Ок време е за фотографирање
Локација??? паркот кај јужен булевар 6:00 часот. Да ама на 2009-10-23 во 6:00 врне
Повторно времето мислеше дека тажни ќе не избрка по домите да седиме пред досадните монитори и телевизори, ама се зезна. Нашиот модел и location manager имаше на располагање друга локација, во школски (како што тоа маалски се нарекува, дворот на училиштето што ти е во маАало, каде што се дешавале многу работи порано кога сте биле мали, аХа И ДА!… да не буричкаме во основната историја на секој од нас, сепак ова е блог за фотографија не за Гешталт терапија
)
Благодарност до Моделот и Никола за успешната соработка, се гледаме пак со други изненадувања …
стробистМК продолжува

Како и да е, основното училиште “Блаже Конески” во населба Аеродром, во нашиот роден град Скопје, република Македонија, беше толку многу расположено да ни овозможи да фотографираме, што ни подари кров над глава, додуша без два споредни ѕидови, модерно така наречен “пролаз”, поточно самиот влез.
Свеќа, модел, локација… = фотографирањееее!!!
Благодарност до Моделот и Никола за успешната соработка, се гледаме пак со други изненадувања …
стробистМК продолжува

Advertisement
November 6, 2009 at 2:04 am
mnogu dobri fotografii. alal vera.
November 6, 2009 at 2:11 am
Благодарам! Здравје па нареден пат ти да направиш подобри!