Weimaraner е куче што првично било одгледувано за лов, во почетокот на 19 век.
На почетокот Weimaraner ги користеле од страна на кралското семејство за лов (лов во вид на забава, не дека сиротите немале што да јадат во тоа време

), како свиња, мечка, елен, и лисици. Името доаѓа од Војводата од Вајмар, Карл Август, кој ужувал во таквиот лов.
Оваа раса има многу кратоко и мазно сиво крзно, а неговите необични очи му даваат величествен изглед кој се разликува од било која друга раса: светол килибар, сива, или сино-сива боја.
Добро мислам дека е доволно фалење, песот е супер

, ајде малку за тоа што се случуваше на оваа стробистМК сесија…
Хмм… пак фотографирање пес А? Овој пат покрај Август во кадар ни беше потребен и неговиот најдобар пријател Војо (да не го наречам Газда- глупо ми звучи). Е овој пат поучен од претходниот, си земав полна ратна опрема за секој случај, за да не ме изненади нешто.
На локација стигнавме околу 7 часот, а тој период во новиот дел од паркот кај огромните крошни на дрва и нема баш светло за фотографирање куче кое што е ултра палаво и брливо.
Извадив еден чадор и го поставив буквално на тревата (мислејки дека само така ќе завршам работа), со еден блиц на 1/8 кој што темнината ми ја претвори во ден

. Си помислив дека висината на кутрето-Август би била доволна поставувајки го чадорот на земја, ама не беше баш така. Бидејки кутрето како што кажав не седи мирно и не разбира дека фокусното растојание на 85мм (плус crop factor) лека со отвор на бленда 1,8f е не поголемо од неколку цм. Видов не видов извадив статив и го поставив на најниска можна висина од околу еден метар, а чадорот изротиран надоле према моделот и кутрето.
Е тоа веќе беше нешто

. Првиот и основен проблем беше решен. Од црна темница добив пристојно осветлена фотографија во преден план, а во позадина темница, со по некоја улична светилка во дефокус од самиот парк, кои се рандом распоредени.
Сетоа тоа изгледаше супер, но фалеше само уште нешто. Светлина која што ќе ги одвои моделот и кутрето од темната позадина. Да Backlight-контра светло. Гол блиц го потпрев на ранецот на мојот пријател (не дека немав каде да го поставам, туку дека ми беше побрзо и поинтересно

) да дава светлина од најниската точка и да ги исцрта само контурите.
Резиме: Светло поставено лево, горно, странично од камера на 180° од едната страна меко и дифузно како главно, а од другата оштро контра, поточно позадинско светло (ова не го мешајте со светло за позадина)
Се што беше понатаму потребно е да чекаме на добро расположение на Август за да си ја заземе потребната позиција за портрет, што верувајте не е лесно за едно 3 месечно кутре на кое што се му е интересно, а најмалку има претстава дека некој го фотографира и дека треба да позира
. Но кој чека ќе дочека, па така играјки на таа карта и дочекавме, Август се опушти и си ја зазеде својата позиција и не почасти.
Благодарност до Војо-Зоовивариум и неговиот официјален (покрај многуте неофицијални) миленик Август.
Куче, Dog, Weimaraner, Август, стробистМК, strobist, strobistmk, Vojo, zoovivarium, photography, amanito,