Туба саксија

Како и секој фотограф, така и јас размислувам, размислув, размилс, разми, ра, и оп идеа да фотографираме Тубист (Човек што свири на Туба), секојдневие на еден тубист со неговата туба.
Намирниците за идеата да биде остварена беа потребни: Туба, цвеќе, прскалка за вода и Најдобриот тубист во Македонија Мицко.

Туба, прилично голем, лимен дувачки инструмент, впечатлив по карактеристичниот широк завршен дел, кој што се користи за чување омилени цвеќиња во двор, доколку живете во куќа, а може и на балкон доколку сте во стан. Одгледувањето растение во тубата е од огромно значене како за инструментот, така и за музичарот – дувачот. Тоа ја дава убавата зелена боја на звукот што го произведува за време на свирењето. Ако сеуште не ми верувате дека е така прочитајте на wikipedia или прашајте некој тубач во комшии ако ви се наоѓа при рака :)

Шала на страна, зборувајки на темата фотографирање портрет фотографија на тубист со неговиот инструмент дојдовме на баш оваа идеа. Туба со цвеке, А Мицко нормално сакајки неговата туба да произведува најубав зелен звук, си го полева цвеќето, нели нормално кој не би го направил тоа за својот инструмент.

Барајки локација дојдовме до заклучок дека во дворот на мојот пријател Никола има перфектно ќоше, каде што се полеваат тубите со цвеќиња.

Така и направивме, на денот на фотографирањето ја поставивме тубата на две кајли од лево и десно за да не падне, и ја потпревме со една голема земјена цигла од позадни. и тубата беше фиксна како камен.

Цвеќето одгледувано само за оваа пригода го дочека својот момент на вистината. Како го поставивме во отворот на тубата, одма приметивме дека тоа е тоа, немаше потреба од двоумење. Кадарот беше решен остана да се реши уште осветлувањето, сепак најбитниот момент во целава работа, заради која сеуште читаш… зарем не?…

Користев 4х светлосни извори.
1. беше сонце (амбиентално светло) кое што на почетокот повеќе ни сметаше отколку што ни помагаше, додека не повикавме облаци како индијанци, кои ни напрваија едно убаво дифузно осветлување без мака.

2. светлосен извор беше еден мал блиц на статив во чадор, кој што беше наменет за предниот дел од обjeктот на фотографирање, во случајов Тубата,цвеќето и Мицко. Блицот беше поставен како предно, горно, десно осветлување на 1/8 од јачина, за да не доминира над целата атмосфера, туку само малку да го истакне обjектот во однос на белиот ѕид во позадина.

3. светлосен извор требаше да дојде спротивно за 180 степени на вториот, како странично светло за објектот, но проблемот беше во тоа што целата ситуација се одвиваше на не поголем простор од 1,5 квадратни метри површина :) . За таа цел го искористивме нашиот нов пронајдок капаче-статив. Наполнивме едно шише со песок за да биде по стабилно, го поставивме блицот со капачето и сето тоа го качивме точно на скарата која што не беше за среќа запалена. Висината на блицот беше нешто пониско од главата на Мицко, кој беше усмерен во прскалката и цвеќето со 50мм zoom на леќата на блицот, што дава понасочен сноп светлина. Бидејки блицот се наоѓаше на приближно едно метро растојание јачината ја поставив на 1/32, која што беше сосема доволна за малку да ја истакне тродимензионалноста на објектот.

4. светлосен извор беше потребен исклучиво за подот и најмногу за долниот дел од инструментот кој што беше нијанса потемен во целата композиција. Го поставив на еден метар растојание, низ бел чадор, на висина од некои 80цм, благо усмерен надоле, со јачина од 1/16.

На кратко тоа беше сетапот за оваа задача. Временската рамка за приготвување на овој специјалитет (упс ова беше од кулинарскиот блог)… , на локација дојдовме околу 12, а завршивме околу 15 часот, што кажува на експедитивноста на екипата и доброто претходно планирање и организација. И Балгодарност до целата фамилија на Никола што ни дозволија да си поиграме 3 часа во нивниот двор.

П.С. незгодно е ако на тубистот омилено цвеќе му е кактус! Замисли како би извадил заглавен кактус од туба??? Како идеа може да се искористи за наредно фотографирање.Technorati Tags: , , , ,

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Connecting to %s

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.