OLD VS oung
Тоа ви е нешто како еден стар Хичкок филм каде што работат луге (ако можат така да се наречат). Повеќе би ги нарекол душички кои лебдат во просторот преполн со прашина од сите хемиски случувања што ги прават за да се добие некаков полупроизвод за некој си метал. Со други зборови тоа страшно изгледа. Ги замоливме лугето од Силмак да ни дозволат да снимиме неколку фотографии за да видиме како таа локација изгледа. Пробувајки да направам неколку фотографии приметив дека моето тело воопшто не е навикнато во такви услови да престојува ама понесен од фотографирањето пробував да се воздржам уште некоја секунда за да направам барем уште по една фотографија. Вработените тоа прилично одма го приметија и ме засолнија за момент во друга просторија за да се адаптирам малку понудувајки ми ладна кисела вода која не стои во фрижидер туку под млаз вода. Спонтано еден по еден се појавуваа пред обиективот местејки се како Модели од некоја позната агенција и позирајки најприродно во свет.
