Си помислив!

Додека се мислев како да го направам мојот самоправски RingLight во другата соба до мене се правеа некои новитети: бушење, кршење, сечење влечење и слично. Повремено се консултирав со Мајсторот како да изведам одредени работи за да на крај успеам на некаков пипни расипи начин го склопам. Сето тоа беше убаво направено ама дали функционира, е да тоа беше големо прашање. Ми требаше кандидат, кој друга ако не Мајсторот прв да го проба. За да не се оштети измести и слична трансформација на самоправскиот RingLight пожелно беше да моделот биде во исправено наведната позицијата врз светлото. Спонтаната шминка од бушењето и сите други детали кои се најдоа на лицето на Мајсторот даде една вистинска фотографија во тој момент. Се надевам дека ви се допаѓа, а и да не ви се допаѓа пак ќе ја видите нели :).

Leave a Reply