Природа

Flower & dropsПеток 2008година 06 месец и 13-ти ден, неработен според календарот на неработни празици…
Што да се прави? Супер прилика да се изненади некоја природна околина со нашите тела. Како и секогаш тука се сонцето и облаците како главни фактори за временските погоди и непогоди. комбинацијата на едното или другото не не спречи за разлика од многуте да се довлечкаме до Маврово и на кратко да отидеме до познатото Мавровско селце ако може така да се нарече попознато по свадбата Галичка, Галичник.


Flower & dropsСи поиграа облаците со сонцето некои 3 саати и потоа го пуштија сонцето да каже што има да каже. Но сепак оставија трага позади себе преубави дождовни капки.


Flower & dropsРефлексијата и прекршувањето на светлината беа толку убави што не постоеше шанса да не се наведнеш и ја искористиш Макро опцијата која новиот обиектив ти ја нудеше! Хмм прекрасно доживување со Макро природниот свет.

Leave a Reply