Свеќа

Posted in собир on October 24, 2009 by photoamanito
Како и на секоја мини средба работите се случуваа многу многу брзо…

Се почна со тоа што Никола имаше идеа да фотографираме модел со свеќа. Нема проблем ?? има проблем…

Проблемот е, ако фотографираш со свеќа се добива прилично low light услови за работа при што на сите ни е јасно што се дешава поготово со релативно поевтни-стари DSLR апарати :( ШУУУММММ, зрноооо, песок како сакаш наречи го. Да! многу луѓе ќе речат “па ОК нема проблем, мене ми се допаѓа тоа, дава уметнички бла бла бла”. Нема проблем, но нели е полесно да го додадеш отколку да го отстраниш, ај да не речам скоро невозможно и покрај милиони софтвериски решенија од типот на noise ninja и др…

Како и да е поентата беше да фотографираме ситуација каде што би имале модел со свеќа, но да добиеме пристојна експозиција без да има потреба да се дига ISO повеке од на пример 100 и брзина на експозиција не помала од 1/50 и бленда помеѓу 1.4f и 5.6f.
Зошто? затоа што при помала брзина од 1/50 би постоело опасност од неоштра фотографија, а да не зборам за фокусното растојание при 1.4f, 1.8f па и 2.2f
Како ???
Решението е едноставно! На сцена настапуваат магичните old-school блицови. Па сега ќе се најде некој паметен и ќе рече “па што ќе ти е свеќа кога имаш блиц?”. Целиот штос е да се задржи несекојдневната (несекојдневна во овој милениум ) убава атмосфера која ја дава свеќата, на тој начин што додатните извори на светлина (во случајов блицови) треба да биде насочена во ист правец во светлината на самата свеќа, или најприближно на тоа (без да го изгориш блицот :) ). И со помош на гел во боја (таканаречен корекционен филтер).
Гел во боја – корекционен филтер ?????
што е па тоа сега???

Ако се вратиме неколку лекции наназад и прочепкаме, ќе видиме дека секој извор на светлина има различна температура на боја (има врска со color balance или white balance-WB, дури и при два идентични ивори на светлина постои минимална разлика, но за тоа другпат) почнувајки од свеќа завршувајки со дневна светлина при облачно време.
Склепав набрзинка една џебна таблица.



температура
на боја
извор на
светлина


1000-2000 K свеќа


2500-3500 K жареча сијалица (обична за по дома)


3000-4000 K изгрејсонце/зајдисонце (чисто небо)


4000-5000 K флуоросцентна цевка


5000-5500 K фотографски блиц


5000-6500 K дневна светлина при чисто небо (сонце во зенит)


6500-8000 K дневна светлина при облачно време


9000-10000 K под сенка или многу облачно време
*К = Kelvin единица мерка за температура на боја

Значи на апаратот доколку одбирате опција за да фотографирате со WB за свеќа, а на додатниот извор на светлина (во случајов блиц) поставувате корекционен филтер нормално за свеќа, како би ги изедначиле температурите. Е сега бидејки ние живееме во република Македонија, и кај нас многу работи НЕМА, тоа значи дека
Корекциониот филтер немора да биде купен од продавница специјално за таа намена. Просто можете да ја искористите жолто-кафеавата пивската флаша (да да пиво) и ќе добиете приближно температура на боја на свеќа. (со исклучок ако сте баксуз и пиете пиво од зелено шише хехехе)
Се надевам дека нема да го испиете пивото и да очекувате дека светлото од блицот после ќе го гледате со 2000 Келвини хахаха – секако шишето испред блицот
*(да не дојде до некаква забуна! ова пивско шише нема никаква врска со капаче статив)

Ок време е за фотографирање
Локација??? паркот кај јужен булевар 6:00 часот. Да ама на 2009-10-23 во 6:00 врне :( :(
Повторно времето мислеше дека тажни ќе не избрка по домите да седиме пред досадните монитори и телевизори, ама се зезна. Нашиот модел и location manager имаше на располагање друга локација, во школски (како што тоа маалски се нарекува, дворот на училиштето што ти е во маАало, каде што се дешавале многу работи порано кога сте биле мали, аХа И ДА!… да не буричкаме во основната историја на секој од нас, сепак ова е блог за фотографија не за Гешталт терапија :) )

Како и да е, основното училиште “Блаже Конески” во населба Аеродром, во нашиот роден град Скопје, република Македонија, беше толку многу расположено да ни овозможи да фотографираме, што ни подари кров над глава, додуша без два споредни ѕидови, модерно така наречен “пролаз”, поточно самиот влез.

Свеќа, модел, локација… = фотографирањееее!!!
Благодарност до Моделот и Никола за успешната соработка, се гледаме пак со други изненадувања …
стробистМК продолжува

, , , , , , ,

Weimaraner Август

Posted in Photo Фото on September 27, 2009 by photoamanito
Weimaraner е куче што првично било одгледувано за лов, во почетокот на 19 век. На почетокот Weimaraner ги користеле од страна на кралското семејство за лов (лов во вид на забава, не дека сиротите немале што да јадат во тоа време :( ), како свиња, мечка, елен, и лисици. Името доаѓа од Војводата од Вајмар, Карл Август, кој ужувал во таквиот лов.
Оваа раса има многу кратоко и мазно сиво крзно, а неговите необични очи му даваат величествен изглед кој се разликува од било која друга раса: светол килибар, сива, или сино-сива боја.
Добро мислам дека е доволно фалење, песот е супер :) , ајде малку за тоа што се случуваше на оваа стробистМК сесија…

Хмм… пак фотографирање пес А? Овој пат покрај Август во кадар ни беше потребен и неговиот најдобар пријател Војо (да не го наречам Газда- глупо ми звучи). Е овој пат поучен од претходниот, си земав полна ратна опрема за секој случај, за да не ме изненади нешто.

На локација стигнавме околу 7 часот, а тој период во новиот дел од паркот кај огромните крошни на дрва и нема баш светло за фотографирање куче кое што е ултра палаво и брливо.

Извадив еден чадор и го поставив буквално на тревата (мислејки дека само така ќе завршам работа), со еден блиц на 1/8 кој што темнината ми ја претвори во ден :) . Си помислив дека висината на кутрето-Август би била доволна поставувајки го чадорот на земја, ама не беше баш така. Бидејки кутрето како што кажав не седи мирно и не разбира дека фокусното растојание на 85мм (плус crop factor) лека со отвор на бленда 1,8f е не поголемо од неколку цм. Видов не видов извадив статив и го поставив на најниска можна висина од околу еден метар, а чадорот изротиран надоле према моделот и кутрето.
Е тоа веќе беше нешто :) . Првиот и основен проблем беше решен. Од црна темница добив пристојно осветлена фотографија во преден план, а во позадина темница, со по некоја улична светилка во дефокус од самиот парк, кои се рандом распоредени.

Сетоа тоа изгледаше супер, но фалеше само уште нешто. Светлина која што ќе ги одвои моделот и кутрето од темната позадина. Да Backlight-контра светло. Гол блиц го потпрев на ранецот на мојот пријател (не дека немав каде да го поставам, туку дека ми беше побрзо и поинтересно :) ) да дава светлина од најниската точка и да ги исцрта само контурите.

Резиме: Светло поставено лево, горно, странично од камера на 180° од едната страна меко и дифузно како главно, а од другата оштро контра, поточно позадинско светло (ова не го мешајте со светло за позадина)

Се што беше понатаму потребно е да чекаме на добро расположение на Август за да си ја заземе потребната позиција за портрет, што верувајте не е лесно за едно 3 месечно кутре на кое што се му е интересно, а најмалку има претстава дека некој го фотографира и дека треба да позира :) . Но кој чека ќе дочека, па така играјки на таа карта и дочекавме, Август се опушти и си ја зазеде својата позиција и не почасти.

Благодарност до Војо-Зоовивариум и неговиот официјален (покрај многуте неофицијални) миленик Август.

, , , , , , , , , , ,

Туба саксија

Posted in Photo Фото on September 15, 2009 by photoamanito
Како и секој фотограф, така и јас размислувам, размислув, размилс, разми, ра, и оп идеа да фотографираме Тубист (Човек што свири на Туба), секојдневие на еден тубист со неговата туба.
Намирниците за идеата да биде остварена беа потребни: Туба, цвеќе, прскалка за вода и Најдобриот тубист во Македонија Мицко.

Туба, прилично голем, лимен дувачки инструмент, впечатлив по карактеристичниот широк завршен дел, кој што се користи за чување омилени цвеќиња во двор, доколку живете во куќа, а може и на балкон доколку сте во стан. Одгледувањето растение во тубата е од огромно значене како за инструментот, така и за музичарот – дувачот. Тоа ја дава убавата зелена боја на звукот што го произведува за време на свирењето. Ако сеуште не ми верувате дека е така прочитајте на wikipedia или прашајте некој тубач во комшии ако ви се наоѓа при рака :)

Шала на страна, зборувајки на темата фотографирање портрет фотографија на тубист со неговиот инструмент дојдовме на баш оваа идеа. Туба со цвеке, А Мицко нормално сакајки неговата туба да произведува најубав зелен звук, си го полева цвеќето, нели нормално кој не би го направил тоа за својот инструмент.

Барајки локација дојдовме до заклучок дека во дворот на мојот пријател Никола има перфектно ќоше, каде што се полеваат тубите со цвеќиња.

Така и направивме, на денот на фотографирањето ја поставивме тубата на две кајли од лево и десно за да не падне, и ја потпревме со една голема земјена цигла од позадни. и тубата беше фиксна како камен.

Цвеќето одгледувано само за оваа пригода го дочека својот момент на вистината. Како го поставивме во отворот на тубата, одма приметивме дека тоа е тоа, немаше потреба од двоумење. Кадарот беше решен остана да се реши уште осветлувањето, сепак најбитниот момент во целава работа, заради која сеуште читаш… зарем не?…

Користев 4х светлосни извори.
1. беше сонце (амбиентално светло) кое што на почетокот повеќе ни сметаше отколку што ни помагаше, додека не повикавме облаци како индијанци, кои ни напрваија едно убаво дифузно осветлување без мака.

2. светлосен извор беше еден мал блиц на статив во чадор, кој што беше наменет за предниот дел од обjeктот на фотографирање, во случајов Тубата,цвеќето и Мицко. Блицот беше поставен како предно, горно, десно осветлување на 1/8 од јачина, за да не доминира над целата атмосфера, туку само малку да го истакне обjектот во однос на белиот ѕид во позадина.

3. светлосен извор требаше да дојде спротивно за 180 степени на вториот, како странично светло за објектот, но проблемот беше во тоа што целата ситуација се одвиваше на не поголем простор од 1,5 квадратни метри површина :) . За таа цел го искористивме нашиот нов пронајдок капаче-статив. Наполнивме едно шише со песок за да биде по стабилно, го поставивме блицот со капачето и сето тоа го качивме точно на скарата која што не беше за среќа запалена. Висината на блицот беше нешто пониско од главата на Мицко, кој беше усмерен во прскалката и цвеќето со 50мм zoom на леќата на блицот, што дава понасочен сноп светлина. Бидејки блицот се наоѓаше на приближно едно метро растојание јачината ја поставив на 1/32, која што беше сосема доволна за малку да ја истакне тродимензионалноста на објектот.

4. светлосен извор беше потребен исклучиво за подот и најмногу за долниот дел од инструментот кој што беше нијанса потемен во целата композиција. Го поставив на еден метар растојание, низ бел чадор, на висина од некои 80цм, благо усмерен надоле, со јачина од 1/16.

На кратко тоа беше сетапот за оваа задача. Временската рамка за приготвување на овој специјалитет (упс ова беше од кулинарскиот блог)… , на локација дојдовме околу 12, а завршивме околу 15 часот, што кажува на експедитивноста на екипата и доброто претходно планирање и организација. И Балгодарност до целата фамилија на Никола што ни дозволија да си поиграме 3 часа во нивниот двор.

П.С. незгодно е ако на тубистот омилено цвеќе му е кактус! Замисли како би извадил заглавен кактус од туба??? Како идеа може да се искористи за наредно фотографирање.Technorati Tags: , , , ,

СтробистМК во РеФото

Posted in Photo Фото on September 10, 2009 by photoamanito
Ова е нешто кое што многу ми значи во моментов! А спека ова е заслуга на сите кои  даваат допринос за СтробистМК да функционира на начинот на кој што е замислен . Сигурен сум во тоа дека не сме единствени на балканов кои што фотографираме стробист, но сме единствени кои во единственото балканско списание за фотографија сме официјално промовирани, на кое сум многу горд. Но како и да е тоа не е знак дека сме ја постигнале целта, туку дека тек сега треба да покажеме што знаеме…  Леле ама ме бива за држење говори пред народ,.. за наредни избори се кандидирам за стробист претседател на Република Македонија хахаха
Да не должам многу еве го оригиналниот текст:

РеФото Број 26, септември 2009
Strobist MK
Nov koncept i pristup fotografiji u Makedoniji
Jedna nova inicijativa pokrenuta je među članovima više fotografskih klubova u Makedoniji. Vase Petrovski Amanito, fotograf i član tetovskog kluba ”Chkrap”, kaže da se već duže vreme članovi iz različitih makedonskih foto-klubova okupljaju i druže kako bi eksperimentisali i, na taj način, kreativno pristupali novom konceptu fotografisanja. O čemu je, u stvari, reč? Pomoću bliceva, malih svetla za video-kamere, baterijskih lampi i uz ambijentalno svetlo kreiraju zanimljive fotografije, koje uz malo kreativnosti i znanja deluju veoma profesionalno. Ideja za ovakvim druženjem nastala je posle gledanja fotografija koje je uradio strobist David Hobby. Strobist MK nije nov foto-klub u Makedoniji, već neki nov vid radionice ili koncepta. Do sada je održano više druženja na ovu temu, a svakodnevno se pronalaze nove ideje kako s malom količinom svetla postići velike rezultate. Moto ove fotografske grupe jeste ”svaka uspešna magija delo je svetlosti”.
D.Gajić

, , ,

Капаче статив

Posted in DIY on September 7, 2009 by photoamanito
Дали некогаш ти текнало дека ти треба статив на висина околу 20см, кој што би го носел во џеб, би чинел не повеќе од 5 денари и би можел да си го направиш многу брзо, дури точно во моментот кога ти е најпотребен? Мислам дека за ова не важи правилото на Марфи!!!

Да баш така цели 5 ДЕНАРИ!
1х штраф 6мм ø
1х мутер 6мм ø
2х шајбни (пожелно е една помала една поголема)
* Ако успееш да се исценкаш на пазар за материјалот можеби ќе поминеш и поевтино!!!
Сеуште имам проблем да најдам штраф и мутер со поредок навој, кој што би бил пасент, но сепак и вака функционира. Доколку некој знае каде би можело да се купи нека пише…

Целата финта е дека ти треба едно пластично капаче за шише кое треба да го пробушиш во средина со шило или штрафцигер. Добра финта е ако можеш да го загрееш (шилото или штрафцигерот) со што многу полесно ќе отворш дупка. Низ која што дупка би го протнал штрафот од долната страна на капачето заедно со помалата шајбна, а од другата страна, поголемата шајбна и мутерот кој ги затега сите компоненти заедно како една целина. Види црт 01.
Тоа е СЕ? … да да тоа е се :)

Откога ќе го направите сето тоа, само молете се кога фотографирате, во близина да има некакво шише :) , па макар и некое фрлено од некој неранимајко што не ги почитува еколошките принципи.

Која е поентата на сето ова!?
Многу често кога фотографирам имам потреба да поставам блиц светло на висина од некои 20-30см. Најчесто стативите со кои што располагам не ми го дозволуваат тоа. Односно минимално можат да ми дадат висина од некои 50-тина см плус висината на блицот. (Во принцип постојат специјални мали стативи кои обично ги користат за доосветлување на позадина). За таа цел обично блицот го поставувам на земја или потпрен на некаков предмет, што во тој случај многу често дисплејот и командите на блицот се недостапни или пак блицот не би смееел да го пипнам, со што би го изместил, сакајки да ја направам саканата корекција :( , со други зборови не е многу практично за работа.
Во овој случај тие проблеми ѓи нема. Блицот константно е на една висина, односно толку колку што е високо шишето плус висината на самиот блиц. Доколку имам потреба од поголема висина, можам да земам повисоко шише или шишето со блицот така поставен на него да го поставам на маса, стол, полица или некој друг повисок предмет што ми се наоѓа во близина за да ја постигнам потребната висина која ми одговара.
Со помош на ротирачката глава на самиот блиц поставен на шишето имам опција да го ротирам за 90 степени по една оска и 270 степени по другата оска, што ми дозволува да го користам во најразлични насоки баз да ја менувам позицијата на блицот.

А доколку користам кактус тригер 2Vs на пример, кој што има вградена мини фрикција со која 90-те степени на блицот можам да ги зголемам до 360 степени, со мал ризик :) .

Ризик: Треба да внимаваш на тежината на блицот во однос на тежината на шишето и тежишната оска на ротација. Едноставно кажано внимавај да не ти се преврти блицот :)

Бидејки самиот блиц нема навој како што има секој апарат, за поставување на блицот постојат неколку опции, кои би функционирале како за на стандарден статив со навој (со исклучок на стативи со болцни):
Со помош на папуча за блиц (она пластично кое си доаѓа со секој купен блиц)
Кактус тригер
Лежиште од PC-sync адаптер или некој друг сличен уред што има стандарден навој на кој можеш да поставиш блиц,

Да не испадне дека јас сум ја измислил топлата вода, целата идеата ми дојде откога видов што направил еден тип за компактни апарати Super-Small Bottle-Cap Tripod. Што незначи дека неможе да се користи и за блиц! Нели? хехе :)

Откога најденото шише ќе ти заврши работа за фотографирање, ти ќе помогнеш и во чистењето на околината. Па нели е тоа прекрасно :) хахаха

А плус постои опција наместо вода, во шишето да си ставиш сок, вино, ракија или нешто друго за пиење. Аха може да ставиш и песок (гледај некој да не го испие само), со што би добил уште поголема тежина, што е еднакво на стабилност.
А кога би земал капаче од оние 12 литарски боци, на нив можеби ќе може да се оптерети и моноблок од 1200ws :)

* Направи сам Горила статив

, , , ,

DIY викенд проект…

Posted in DIY on August 11, 2009 by photoamanito

Еден мој пријател Atanas Bajlozov поттикнат од многуте DIY финти што постојат на интернет, со техничко технолошките способности и знаења што ги има, му дошло преку глава и си седнал еден викенд и еве што направил, како што и самиот ми раскажуваше како бил на канта пазар (тоа е оној пазар на кој се продаваат стари работи) и си купил за џабе пари Минолта блиц, а додека на пазар си купил TUMAX (кинески блиц за 100ден.) и заедно со еден cactus тригер нарачан од eBay си направил Стробист сет од две вештачки светла безжично контролирани, а сонцето му е гратис :)

Е сега не би било интересно ако се би било толку лесно и едноставно нели? Па затоа еве неколку негови постапки, совети и информации за да стигне до безбедно решение:

Kупив два блица ризични за користење т.е. напонот за нивно вклучување кои самите го генерираат е над 250 волти, додека пак денешните фотоапарати следејки ја ISO 10330 спецификацијата можат да примаат максимално 24 волти. оа не било проблем во минатото бидејќи постоела механичка синхронизација. Денес може да се најдат повеќе примери објавени на интернет за оштетување на апаратите со користење на вакви стари несоодвени блицеви.. Normal 0 false false false EN-US X-NONE X-NONE

Зошто би ги користеле кога знаеме дека се ризични?

Нормално одговорот е цената. Нови блицеви се над 200 eur , а старите може да се најдат и за 100 ден. Повеќе светлосни извори се поинтересни за играње со светлината и ретко кој би можел одеднаш да си дозволи луксуз од 3-4 нови.

Викендов решив да направам нешто за да ги употребувам блицeвите, електронски дел кој ќе обезбеди напон до максимални 6 волти без разлика на напонот што се јавува меѓу конекторите на било кој постар блиц. Пребарав преку нет некаково решение за проблемот и дојдов до шеми кои сугерираат издвојување и синхронизирање со оптокаплер link , но не успеав да ги најдам специфицираните делови во Скопје, па направив измена.

Следува листа на деловите, со цената и количината:

-1x Зенер диода 0.4W 5V6 ……………………4 ден.

-1x диода 1N4148 …………………………………2 ден.

-1x triac Z0107MA ………………………………41 ден.

-2x Отпорници ¼ W 4M7………………………2 ден.

-1x кондензатор 22nF 50V……………………9 ден.

Вкупно 58 денари

Елегантно би било доколку елементиве ги поставев на печатена плочка, поради недостаток на време ги сместив на парче картон и во пластично кутивче од потрошен филм. Овој дел може да се користи меѓу фотоапарат (или радио проемник) и блиц.

За другиот светлосен извор употребив оптички синхронизатор кој паливо исто време кога ќе види инпулс светлина. Toa е готов дел на кој има hot shue, навој за статив и нема проблем со напонот. Сепак лошо е тоа што слабо синхронизира со блиц кој е вграден во фотоапарат, но за среќа работи коректно со блиц кој го употребив со радио приемник…

Стробист кучиња

Posted in собир on July 26, 2009 by photoamanito
Фото сесија на Гаја по втор пат, овојпат како повозрасна, 6 месечно кутре заедно со нејзината маалска банда :) , кученца… море какви кученца, КУЧИЊА големи беа :) , ама пустите мили само да си играат сакаат.

Еве Link од претходната сесија на Гаја како 3 месечно кутре.

Беше околу 19 часот, таман време пред да зајде сонцето позади високите згради, што значи супер ниско странично светло. Арно ама кое куче само што излегло од дома, на ова топло време можеш да го фатиш во кадар и да го фотографираш? Едноставно нема шанси. Па така си почекавме малку, едно саат време да се истрчаат изнаиграат за да се подуморат, и да почнат да прават смешки, и таман да разгледам кое кутре каков темперамент има и како се однесува. Но падна светло, со фотографски речник “тапа светло” :( .

Видов не видов извадив еден блиц од ранец го ставив на 24мм за да дава што поголем радиус, го прикачив на чадор и нормално статив во вакви услови не помага, туку мобилен гласовно командуван статив, таканаречен асистент или светло помошник.
Како кутрињата трчкаат така и јас по нив, и чадорот со светло паралелно покрај мене, односно камера лево или камера десно странично за да ми ги доосветлува во комбинација со преостанатото амбиентално светло од последните зраци од сонцето.

За кратко време повеќе немаше ни амбиентално светло, така да останав само со блицот. Во прво време си помислив дека нема да можам да направам ништо, но како за чудо се појавија интересни фотографии, и покрај проблемот на фокусирање во слаби светлосни услови и темпераментни кучиња што 1/25сек. не седат мирни.

Уште едно интересно искуство, малку поразлично од фотографирање луѓе, но од друга страна пак во ниеден момент не е досадно бидејки се вистински позери и секогаш прават нешто симпатично. Голема благодарност до целата банда песови на Гаја и нивните сопственици.

, , , , , ,

Стробист кола

Posted in собир on July 20, 2009 by photoamanito
Разгледувајки фотографии како што често тоа го правиме сите ние падна една интересна идеа за фотографирање. И еве што се деси !
Се што ни требаше, беше ноќна атмосфера(локацијата можеше да биде буквално било каде), една кола (пожелно чиста), и модели за во колата (најчесто некој од бандата што фотографираат). Позицијата на камерата  беше пред хауба. Осветлувањето се состоеше од: еден блиц поставен камера лево, друг блиц камера десно и двата надвор од колата, вперени низ прозорите на предните седишта, за да го осветлат моделот што седи напред, а за моделот што седи позади, поставив уште еден блиц кој што е вперен во таванот на колата (таванот е од плишен материјал со сива неутрална боја, која не направи промена на бојата на светлината) кој покрај моделот го доосветлува дифузно ентериерот на колата. Предизвикот беше во осветлувањето, без да се појават несакани рефлексии на стаклото низ кое што би се фотографирало.
*(паметно решение испадна дека прозорите во модерните коли се спуштале :) )

На тест фотографијата се јави проблем со унакрсни сенки на задното седиште.
Тоа беа зраци од страничните блицови, кои покрај што поминуваа низ предните (како што и сакав), ама и низ задните прозори на колата (како што несакав :( ).

Имав две решенија за тоа:
1. Да се постават таканаречени црнци или некакви препреки за да светлото не поминува во тој правец.
2. Да се постави некаков насочувач, што би ја ограничувал светлината во помал радиус
Второто решение ми изгледаше далеку поедноставно и попрактично за работа во тој момент.

Сличен проблем правеше и блиц бр.3 кој што директно моделот го осветлуваше јака светлина, па затоа и за него се погрижив со истото решение бр. 2.
Значи на сите три блицови поставив македонски сошиениени snoot-ови (направен по мерки од honlPhoto).
Додатна причина заради која сакав да ги поставам изворите на светлина толку ограничени е за да можам да осветлам-потенцирам само одредени делови на фотографијата, како што се гледа на тест фотографиите.

Светлото е прилично контрастно и оштро бидејки изворот на светлина паѓа скоро под агол од 90 степени во однос на оската на камерата, и не се дифузирани на никаков начин, со исклучок на третиот блиц што е поставен на патосот во колата, позади предните седишта, кој што има двојна улога:
1*Осветлување на моделот што седи на задното седиште и 2*осветлување на ентериерот.
Таванот кој што ја рефлектира светлината од блицот бр.3 игра улога на дифузер за да меко го осветли ентериерот, што е веќе четврти извор на светлина.
Самото местење на светло траеше околу половина час до еден час. Сето останато време го искористив за да добијам  вистинска еспресија на лицата на моделите.

Предизвик: Да се најде решение за проблемите со осветлување.
Позитивна страна: Локацијата може да биде скоро било каде.
Негативна страна: Проблемите со рефлексии.

И двата странични блицови беа на 1/8 за да дадат поддеднакво осветлување од двете страни, додека третиот блиц 1/16 од моќноста за да само ја дополни атмосферата, сепак тој е на многу помало растојание од моделот отколку останатите два низ прозорите.

Откога веќе ја добив саканата фотографија, почнавме да експериментираме со она што ни преостана :) , а тоа беше време за играње :)
Имавме на лагер еден моноблок од 200WS со softbox кој го поставив да бие низ задниот прозор на колата директно во моделот, а за доосветлување го преместив блицот бр. 3 од патосот каде што беше претходно, во џебот од седиштето, вперен повторно нагоре за да воопшто не дава директна светлина на моделот туку само дифузирана од плафонот на колата.
 
Секако не би бил кактус aко не зезне некогаш работа и да не го активира блицот, но сепак ми се допадна фотографијата, на срека или не! :)
Значи ова е само моноблокот кој што е од надвор.

Секако другите два блица беа исклучени и ставени на stand by за друга намена :)

И покрај тоа што многу од вас ќе речете “хммм.. чекај малку па нели стробист значи дека треба да користиме само мали блицови а не и моноблокови”, сепак идеата е да се искористи креативно светлината без разлика од кој извор ви е на располагање во моментот. Тоа значи дека слободно наместо моноблокот можев да искористам мал блиц на статив низ чадор, што во основа би дал ист или скоро ист резултат.

Technorati Tags: , , , , , , , ,

Сончогледите крај Куманово

Posted in собир on July 14, 2009 by photoamanito
Ми дадоа многу добра идеа да фотографираме поле со сончогледи кои што ги приметиле во близината на Куманово како растат, и се така и почна…
Се договаравме денес, утре, денес, утре… ама никако да се ускладиме. И веќе беше краен рок за да му ставиме на тоа редоговарање, и решивме дека мора да се направи. Прво почнавме ентузијастички со 2+1 човек на набрзо откога се слушна за тоа се појави голем интерес и за кратко време дојде бројка до 10-тина луѓе кои би тргнале на таква авантура, а по пат дознавме дека ќе бидеме придружени со уште тројца фотографи домакини кои се членови на фото-клубот Козјак од Куманово.

Еден по друг како се редеа проблеми, со леснотија се решаваа. Првиот проблем беше веќе решен, а тоа беше кој би одел, за да одма по тоа бидне и прашањето каде, каде се тие толку мистични сончогледи?! Ееее тука веќе работите добија авантуристички пристап.

Ако ова ти е досадо скокни на Стробист инфо :)

уште читаш?… хаха ама си упорен :) … И така возејки накај Куманово на наплатната патарина видовме преголемо поле, абе ОГРОМНО поле со сончогледи до недоглед, арно ама нема место каде да се паркираат коли на автопат, а и плус додатен проблем оградата? Не дека неможевме да ја поминеме, ама сепак не сакавме да влегуваме во проблеми, а еден наш пријател пред некој ден поминувал во таа област и ни кажа дека постоела некоја друга локација, на патот за Крива Паланка, каде што тој самиот направил неколку фотографии. Водејки од таа информација тргнавме ние така по патот за Крива Паланка, ама од сончогледи ни трага ни глас само полиња со пченка :( . Видовме не видовме застанавме и се обративме на помош кај нашите домакини од Куманово. Ова што не бива не бива сонцето веќе заоѓа, дајте предлог брзо-побрзо каде би можеле да отидеме на некоја интересна локација. Како од пушка одма ни покажаа некоја локација што беше на видик, ама никој од нас никогаш ниту слушнал ниту видел такво нешто, како и да е решивме чим е толку блиску и така ни е уз-пат за назад. Лесно падна договор па тргнавме во тој правец. Разочарани од фактот дека нема да добиеме ниту една фотографија со сончоглед стигнавме на новата локација и кога пред нас се појави некаква полуразрушена тврдина која личи на некаква градба како од Алиса на земјата на чудата, со приод кон влезната врата во круг со налик како на кула од дизниленд само направена пред скоро стотина години. Локацијата на која што се наоѓа таа тврдина е на највисоката точка во таа област и на дланка се гледа огромна површна на полиња во различни нијанси и текстури. Во тој момент мислам дека сите заборавивме на сончогледите :) Одеднаш сите почнаа да вадат апарати кој каков има и се фатија за работа. Сонцето само што не беше зајдено позади планините, а хоризонтот скоро да беше на иста надморска височина на која што бевме и ние.

Зебрњак, Изградена 1937, Спомен Костурница од првата светска војна, попозната како Кумановска битка од 23.10.1912

Canon 400D
50mm
1/160 сек.
F1.8
ISO 100


Стробист инфо:
Почнавме да фотографираме на постоечкото светло кое што остана од сонцето кое што беше зајдено, во комбинација со тамошните натриумови рефлектори кои го осветлуваат обијектот, со други зборови тапа светло :) .  Се на се светлото дозволуваше фотографирање со бленда 1.8 при експозиција 1/4сек. на 100 ISO. За таа цел поставив еден блиц лево од моделот со 1/4 јачина за да дојде до израз едната страна, и десно од моделот за другата со плав филтер на јачина од 1/4 кој беше поставен на поблиско растојание но поради филтерот кој ја намалува јачината беше скоро еднаков на другиот од другата страна. Бидејки локацијата е на високо, прилично дува ветер, така да поставување на статив и чадор за блицот би било фатално. Затоа искористив двајца доброволци, кои доброволно ја менуваа задачата на статив со таа разлика што вербално правеа автоматски корекции. Благодарност до стативите т.е. дечките :) . Светлото беше добро само фалеше уште еден интересен детал, а тоа е светло во тврдината. Земав уште еден блиц го поставив на 1/8 сила го завртив нагоре да бие во таванот на малата просториичка за да изгледа како да е природно осветлена. И бум ете го сетот.

Зашто сето ова го раскажувам, затоа што нешто не изврти од толку интересна идеа за фотографирање сончогледи на нешто што верувам дека можеби некогаш не би
го дознал дека постои. Сепак беше прилично возбудливо, авантуристички интересно доживување.

Technorati Tags: , , , , , ,

Fuzzbubble crew на Матка

Posted in собир on July 11, 2009 by photoamanito
Матка еден обичен кањон во близина на градот Скопје, ааааАААаа обичен :)
09 Јули Fuzzbubble crew треба да настапат на некакво си дешавање на матка и ме повикаа да им направам неколку фотографии од настапот.
Се работи за локација каде што нема да има баш некоја светлина за фотографирање, многу луге таканаречена гужва и би имал проблем за местење светло на секоја фотографија посебно.
затоа отидовме два часа порано за да ја разгледам локацијата убаво. Додека организаторите уште се доместуваа за случувањето, јас си пресметував од каде би било наједноставно да си ги поставам моите блицови за да ми осветлуваат најдобро.

На крајот испадна дека е многу лесно (просто не ми се веруваше), поставив два статива со блицови на влезните врати од ресторанот (усмерени во една точка) и уште еден блиц над тендата за сонце (блицот го стави Dzuljo бидејки беше на штули и му беше многу лесно нА ТАА ВИСИНА :) )

Со мене носев 4 блица од кои што употребив само 3х бидејки тоа ми беше доволно.
Ги поставив сите 3 само на Радио тригер, а не и на оптички затоа што ми текна дека ќе има и други фотографи коишто 100% ќе користат блицови on camera, кои би ги побудувале моите блицови што е глупо за мене супер за нив :)
Андон, сега знаеш каде ги скрив :)

Направив неколку тестови и си функционираше супер, дури можев да направам и неколку фотографии во секунда без да имам miss fire.
17-40mm; Iso 400; 4F; А брзината на експонирање ја користев како играчка за да добијам повеќе или помалку од останатата светлина кои што ја нудеа локалните светло извори од самиот ресторан или од светлата кои беа наменски поставени за таа пригода.

Добри страна: Можам да фотографирам во круг со радиус од околу 10 метри и секогаш добивам добро експонирана фотографија со горно странично светло кое на прв поглед на фотографијата се чини како да е од некоја локална сијалица а не блиц, што и дава природен израз на фотографијата.


Лоша страна: бидејки се работеше за локација со прилично слаба светлина имав проблем со Auto fokus, ако подобро се загледаш се приметува и покрај тоа што се работи за мала резолуција на фотографијата.
За тоа имам решениe коe што доправа планирам да гo тестирам.
На пр. IR helper AF (дали од блиц или екстра на hot shue, а радио тригерот треба паралелно да го поврзам бидејки hot shue би бил зафатен, сепак на мојт Canon 400D немам опција за PC sync :( )

За сите грешки и недостатоци во овој пост се виновни други а не јас :)
Здравје до наредна ситуација со повеќе искуство за сите нас!!!

Technorati Tags: , , , , , , , , ,

Tags:
Follow

Get every new post delivered to your Inbox.